Ахмети: Со бојкоти и блокади нема да напредуваме
Блокади и бојкоти не се категорија за напредок на демократијата, која се унапредува со дебати и компромиси, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети коментирајќи ги најавите за блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
– Мислам дека ние сме држава која има прогрес во овие вредности. Не мислам дека бојкотот и блокадите ќе ни служат за да одиме напред, додаде Џафери, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на книгата „Арбрешите помеѓу реалноста и митот“ во организација на Општина Чаир и во соработка со Институтот за духовно-културно наследство на Албанците.
Осврнувајќи се на барањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба, Ахмети посочи дека нема ништо лошо во средби, под услов тие да не бидат условувани и со наметнување на теми, туку за одредени и важни прашања поврзани со напредокот на политиките на државата.
– Во ова прилика сакам да истакнам дека е важно да има средба и консултации како да се затвори прашањето со Бугарија, спор кој не спречува кон напредокот и почнувањето на преговори со ЕУ. Сигурно ние е потребен политички и етнички консензус во државата. Решавањето на овој проблем ги зацврстува стабилноста, мирот, безбедноста и релаксирањето на односите меѓу соседите, истакна Ахмети.
Тој потенцира дека многу пати досега повторил оти мирот, стабилноста и безбедноста на една државата зависат и од односните изградени со соседите, бидејќи злото прво доаѓа од соседите.
– За ова ситуација може да има дебата и средба. Но, не и за блокади. Затоа што блокадите и бојкотот значат пречка во напредокот на понатамошните процеси на државата, изјави лидерот на ДУИ.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова на литургија по повод Мала Богородица во црквата Свети Никола во Њу Џерси
-
Нови детали од тешката сообраќајна несреќа во Србија - Загина петчленото семејство
-
Тежок судир воено и цивилно возило во Србија, две лица загинати
-
Со автомобил тешко повредил жена во Прилеп и побегнал
-
Возач со џип удри во дете на велосипед и тешко го повреди
-
Маж пронајден со повреди во подземна гаража во Скопје, пренесен на лекување на Клиничкиот центар
-
Поплави во Унгарија, Будимпешта под вода
-
Најмалку 13 цивили загинаа во израелски воздушен напад врз училиште во Газа