Ахмети: Одлуката за консензуален претседател е од големо значење, треба заедно да одиме напред без разлика на припадноста
Одлуката за консензуален претседател на Република Северна Македонија е оправдана и е од големо значење и таа ќе даде резултати, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва од Дебар од партиската Конвенција на која беше промовиран кандидатот за градоначалник на Дебар, Хекуран Дука.
Според него, некогаш било утопија Албенец да биде министер за внатрешни работи или министер за одбрана, да биде претседател на Собранието, но и тоа се случи.
Државата посочи тој мора да оди напред кон НАТО И ЕУ и оти само со евроатланската интеграција ќе се намали големата миграција во Дебар и во државава. Тој смета дека Албанците може да имаат само две партии, а не повеќе, бидејќи толкави се можностите за ефикасно делување на политиката на Албанците во државата.
-ДУИ во изминатите години реализираше низа проекти во Дебар и има непроценлв прдонес во развојот на општината. Веруваме дека кандидатурата на Дука за градоначалник ќе значи и континуиран развој на општината рече Ахмети и додаде дека кандидатот на ДУИ со подршката која ја има од СДСМ и ПЕИ гарантира победа. Заедно треба да одиме напред без разлика на припадноста,рече Ахмети.
На конвенцијата се обрати и вицепремиерот Бујар Османи кој нагласи дека поддршката на кандидатот на ДУИ за градоначалник, Хекуран Дука,познат уролог, е од големо значење бидејќи Дебар заслужува да го води и понатаму градоначалник на ДУИ.
-Во пресрет на официјалното членство во НАТО во земјава пристигнаа над 6оо милиони евра инвестиции. Интеграциите ќе ја водат напред нашава земја – рече Османи.
На конвенцијата победа на претседателските избори со консенсуалниот претседател во држава и за градоначалник на Дебар најави претседателот на изборниот штаб на ДУИ на централно ниво Изет Меџити.
Кандидатот за градоначалник Хекуран Дука пред присутните нагласи дека ќе се ангажра во реализација на многу проекти кои се во интерес на доброто на граѓаните.
-Ќе работам тимски а во програмата за наредниот период во основа е решавање на проблемите од сверата на инфраструктутрата посебно надминување на проблемот со депонијата, потоа завршување на веќе започнатите проекти во инфраструктурата ,како многу други за општ развој на општината, за доброто на сите граѓани на општната, вети Дука.
На конвенцијата одржана под мотото „Заедно со нова визија за Дебар“ присустуваа и повеќе министри во Владата од редовите на ДУИ , градоначалници од соседните општини, како и делагација на СДСМ и ПЕИ од Дебар. СДСМ и ПЕИ во Дебар соопштија дека ќе дадат силна подршка на кандидатот на ДУИ за градоначалник.
Ново на Сител
-
Поскапуваат бензините и дизелот, ова се новите цени
-
Израел со нови воздушни напади врз Иран
-
Авион на „Луфтханза“ на пат кон Индија се вратил во Франкфурт поради закана за бомба
-
ИДФ: Имаме целосна воздушна контрола над Техеран
-
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот
-
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Приведени три лица од Тетово за брзо возење, едниот возел 180 на место каде дозволено е 80
-
Приведен скопјанец, возел со 2,57 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка