Ахмети: На 30 септември да гласаме за европска Македонија
Во рамките на кампањата за референдумот, Демократската Унија за Интеграција оствари средба со граѓаните на Долнени.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пред жителите на Долнени рече, ако има момент кој што ги соединува сите граѓани на Република Македонија, тоа треба да биде 30 септември, кога се одлучува за иднината.
Албанци, Македонци, Турци, Бошњаци, Роми, Власи, Срби, сите заедно треба да бидеме дел од овој процес. Тука, како што гледате нема политички симболи. Сам сум најголемата партија кај Албанците, Бошњаците и не поставивме знаме затоа што нашето заедничко знаме е 30 септември и да гласаме ЗА Европска Македонија,“ рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
На крај претседателот на ДУИ, Али Ахмети одвои време за да разговара со присутните барајќи да му поставуваат прашања нему и на градоначалниците на Општина Долнени и Општина Пласница, на Државниот Секретар во Министерството за земјоделство, Нефруз Челику и на Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку.
Ново на Сител
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
