Македонија
10. јуни 2020 - 12:26

Ахмети: Македонија е земја за која сме се бореле, имаме право во нејзината историја, наследство и иднина

Интегрален текст од денешното обраќање на Али Ахмети за првиот Албанец премиер.

„Браќа и сестри!
Се има свој почеток, Се започнува со еден сон. Сите ние имаме свои сништа, за нашите деца, за нас, за земјата. Ние Албанците сонувавме за слобода, за рамноправност и се боревме овој сон да стане реалност.
 Кога веруваме во нешто, ние сме спремни да жртвуваме се. Како Албанци, ние секогаш знаеме како да се обединиме за заедничките цели, кога тоа било важно и одлучувачки, за време на војната, за време на кризата и за време на нашите постојани напори за рамноправност и интеграција.
Ова е причината зошто ние заедно постигнавме многу во нашата историја како Албанци во Македонија.

Охридскиот Договор се спроведува. Албанскиот јазик веќе има рамноправен и службен статус исто како и нашето знаме. Преспанскиот Договор е потпишан и Уставот е изменет. Ние сме полноправна членка на НАТО и преговараме за членство во Европската Унија.
Денес, повеќе од било кога, Албанците предводат раководни позиции како претседатели на Врховен и Уставен Суд, Министри за Одбрана и Внатрешни работи заедно со клучни државни институции како и Претседателот на Собранието.
Но сепак, ова не е доволно. Сега е време сонот да продолжи. Време е за поголеми сништа, затоа што дојде време да постигнеме повеќе. Македонија е наша земја. Земја за која сме се бореле. Ние имаме еднакво право во нејзината историја, наследство, економија и во иднината на нашата земја.
Сега е време за потполна рамноправност, за превземање на одговорноста за
раководење! Време е за првиот Премиер Албанец во Македонија! Некои можат да ја наречат оваа идеја неостварлива. Некои можат и да ја потсмеват нашата доверба во остварување на сонот на многу Албанци. Сепак,  и тоа е добро. Кога некој ти го одрекува сонот, те поттикнува да работиш уште повеќе за да го оствариш.

Кога сонувавме за слободата во 2001 година, истата категорија на луѓе, исто така се потсмеваа и го кренаа белото знаме. И, ако само пред неколку години ќе им речевме дека ќе дојде време кога Претседателот на Собранието на Македонија ќе биде Албанец, многумина од нив немаше да поверуваат, како што не веруваат ниту денес.
Сигурно многу луѓе исто така немаше да веруваат дека Албанскиот јазик ќе биде службен јазик во Македонија, или дека знамето слободно ќе се вее и дека ќе имаме три Универзитета на Албански јазик. Но ние, неколкумина од нас кои се осмелија да тежнеат остварување на соништата, знаевме дека ќе успееме. Ние ова го постигнавме заедно. Како ќе го направиме тоа и сега.
Заедно, ние ќе ја напишеме историјата за да ја изградиме иднината. Заедно можеме да му покажеме на светот дека нашата земја навистина може да стане општество во кое сите можат да ги остварат нивните сништа и да се чуствуваат рамноправни.

Во држава каде еден Албанец или Албанка може да стане Премиер и да биде достoен предводник кој ќе гарантира доживотно партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија.
Ова е тоа што сакам да им го овозможам на нашите деца и нашите внуци: Довербата  дека ние можеме да постигнеме се што сонуваме.
И за ова, треба да се обединиме!
Оваа идеја е поголема од секоја партија и секоја личност. Ова идеја не се однесува на ДУИ и секако најмалку се однесува на мене лично. Јас сум тука за да му го продолжам животниот век на процесот, да го предводам концептот, да станам мост и да го трасирам патот создавајќи околности за остварување на сонот, а останува на Вас да го спроведете. Јас сеам за Вие да жнеете. Јас сонувам за Вие да остварувате. Јас ќе бидам храбар за Вие да го доживеете тоа.
Кога сме заедно, сме посилни. Ова е национална Албанска кауза. Ова е нашиот национален сон. Сонот на потполната рамноправност, сонот на едно општество што зборовите ги спроведува во дела.
 
Првиот Албански Премиер ќе биде Премиер на сите. Премиер на рамноправост: еднакви работни места, еднакви плати. Премиер на еднаквите права и на неселективната правда. За Албанците и за сите. Првиот премиер Албанец ќе раководи нова генерација на политиката, претставувајќи еднакво општество и предводејќи ја Македонија кон побогата иднина како земја членка на НАТО и на Европската Унија. Премиер кој обединува и ќе започне нова епоха не само во Албанската историја, туку и во таа на Македонија, дури и во Европската историја.

Сега е време. Време е да се обединиме, време е повторно да дејствуваме заедно. Ова е повик до сите Албански партии и сите граѓани Албанци и други, за да ја поддржат нашата кауза, која е поголема од сите нас. Сега е време заедно да ја создадеме историјата. Не е само сон, ова е
наша можност. Ова е наша можност да градиме ново општество во кое нашите деца ќе
постигнат се што ќе сонуваат. Време е за првиот Премиер Албанец во Македонија. За нас, за нашите деца и за нацијата. Не ја пропуштајте храброста да сонувате, не ги гасете Вашите сништа,
верувајте во себе и соништата ќе се остварат. “