Македонија
9. January 2024 - 16:43

Ахмети: Курти се меша во внатрешните работи на Албанците во Македонија

Ахмети дирекно го обвини косовскиот премиер Курти за мешање во политичката сцена на Албанците во земјава. По најавите за политичко дејствување на следните избори на  движењето Самоопредување на Курти, Ахмети во интервју за албанска телевизија, вели дека делувањето на албанскиот премиер Рама е сосема спротивно, бидејќи тој се обидува да ги зближи партиите во Македонија. 

Kурти се меша во политичката сцена на Албанците.

Еди Рама не се мешаше во внатрешните работи на политичкото тело во Македонија, се обиде да ги зближи партиите во Македонија, благодарен сум за ваквиот пристап. Јавната поддршката на Албин Курти за претседателскиот кандидат на албанската опозиција во 2019 година беше мешење во политичката сцена во Северна Македонија.

Јас не знам дали „Самоопределување“ е регистрирана партија, но знам дека „интерес пројавија многумина од меѓународната заедница“.

Ова е демократија, ме ставија во многу тешка ситуација. Зошто Курти се жали кога Вучиќ има политичка активност на Косово? Како објаснувате? Ме оставија без зборови, одговара Ахмети.

Изјава на Ахмети е непринципиелна реагира лидерот на Алтернатива и еден од водачите на Европскиот сојуз за промени. Гаши вели дека Ахмети е последниот политичар во Македонија кој има право да проценува кој се меша во внатрешните работи.

Гаши појаснува дека на листите на коалицијата на следните избори можно е да се најдат членови или симпатизери на косовската партија на Курти, кои се македонски државјани.

Самоопределување на Курти пред крајот на минатата година беше промовиран како нов партнер на коалицијата Европски сојуз за промени на албанската опозиција. Во рамки на приватната посета на земјава Курти тогаш се сретна само со тројката Гаши, Касами и Меџити, додека лидерот на ДУИ не се најде на негова.