Ахмети: Итно спроведување на договорот од Пржино

ДУИ деновиве ги претставила своите ставови пред лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ околу итноста за заклучување на договорот од 2 јуни барајќи од нив да се размислува за државата и граѓаните, а не за партиите.
Ова го истакнал лидерот на партијата Али Ахмети на денешната средба со Џани Питела, претседател на групата на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент, Кнут Фленкенштајн, потпретседател на групата на социјалистите и демократите, како и поранешниот известувач на Парламентот за Македонија, европратеникот Ричард Ховит.
- ДУИ го ревидира својот пристап, и покрај фактот дека ние сме конструктивен дел и придонесувач за постигнувањето решение и сметаме дека Договорот нема алтернатива. ДУИ постојано помага во решавањето на отворените прашања и е партнер на меѓународната заедница, но одговорноста треба да ја поделат и македонските партии. Спроведувањето на договорот овозможува враќање на евроатланската агенда, која е апсолутен приоритет на граѓаните особено на Албанците, рекол Ахмети на средбата.
Европратениците, како што се наведува во соопштението на ДУИ, ја оценија улогата и посветеноста на Ахмети во постигнувањето на договорот и за конструктивните ставови на ДУИ и побараа строго спроведување на договорот за продолжување на преговорите за членство во ЕУ.
Ново на Сител
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
-

Од паднатите дрвја од невремето ќе се создаде нов моторички парк за деца и млади на Водно
