Ахмети: Имав тензичен разговор со Заев, не се согласувам со неговата оставка
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во изјава за ТВ21 вели дека не се согласува со одлуката за оставки од премиерската и од претседателската функција во СДСМ на коалицискиот партнер Зоран Заев.
- Вчера имавме доста тензичен разговор со Заев, дека не се согласувам со таквото движење, со неговата оставка од партијата и претседател на Владата. Му ги нагласив силните позиции на ДУИ. Овие се локални избори, ние пред 1 година победивме на општите избори и добивме мандат за да раководиме со политиките на државата. Така да и денеска повторно разговарав со Заев, му реков дека не можеме да направиме компромис за големи работи, за тој да се повлече. Да се разгледа во неговата партија оваа одлука која според мое мислење е забрзана и неоснована, изјави Ахмети.
Ново на Сител
-
Суд ја блокираше наредбата на Трамп за ограничување на државјанството по раѓање
-
Разоткриена измама со биодизел: Штета од 60 милиони евра во ЕУ
-
Руски напад со дронови врз Одеса – еден ранет, илјадници без струја
-
Мбапе: Сакам да испишувам историја со Реал
-
Трамп за Би-Би-Си: Русија сака мир, има предност поради освоените територии
-
Руски напад во Херсон: Повредени шест лица, меѓу нив и две деца
-
Словенец измамен за речиси 40.000 евра во крипто-заговор
-
Таткото на Илон Маск проговори за син му како семеен човек