Македонија
28. July 2020 - 19:58

Ахмети-Холштеин: Очекуваме брзо конституирање на Собранието и избор на Влада

Изборниот процес бил демократски и во согласност со меѓународните стандарди, а сега се очекува конституирање на Собранието и на Владата што поскоро. Ова е заклучокот на средбата помеѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и  германската Амбасадорка Анке Холштеин.

„Предизвиците пред нас се големи, преговорите со Европската Унија, економското заздравување и соочувањето со пандемијата, но и остварувањето на изборните програми, затоа и консолидацијата на институциите не смее да доцни“, се вели во соопштението на ДУИ за заклучоците од средбата.

Како што велат од партијата, Ахмети ги истакна црвените линии на ДУИ и на Албанците, Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство, но и реформите за исполнување на европските стандарди и нивните изборни ветувања.

 

Катерина Нешкова