Ахмети ги кани албанските лидери на состанок, Влада се уште не е договорена
Лидерот на ДУИ Али Ахмети ги кани на состанок лидерите Африм Гаши – Алтернатива, Билал Касами – Беса, Зијадин Села – АА, Мендух Тачи - ДПА во четврток во скопскиот хотел Парк. Како што се наведува во соопштението на ДУИ, поводот се одржаните парламентарни избори. Состанокот симболично ќе се одржи на годишнината од Рамковниот договор.
Неофицијално средбата ќе биде искористена за обезбедување на поголемо мнозинство во евентуална нова Влада во која ДУИ ќе биде главен албански партнер.
Информацијата дека Ахмети бара средба со албанските лидери стигнува само ден по информациите дека СДСМ и ДУИ се се поблиску до владин договор, а останува само спорно прашањето за премиерското место.
„Во тек се сериозни разговори за обезбедување стабилно парламентарно мнозинство и кадри посветени на остварување на принципите на кои ќе функционира новата Влада. СДСМ ги продолжува сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат. Новото парламентарно мнозинство ќе обезбеди стабилна Влада која движи брзо напред по европскиот пат, Влада посветена на економијата, правдата и борбата со Ковид-19. Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот“, велат од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак,велат овие изјави на СДСМ треба да се земат со резерва. Тие исто така разговараат за ново парламентанро мнозинство во кое ќе бидат носечка партија.
Ова е втор обид на Ахмети по изборите да се состане со останатите албански лидери. Првиот пат тоа беше повик направен преку неговиот Фејсбук профил. Ахмети повика на утврдување на седнички цели и соработка на сите албански партии што беше поврзано со т.н. Тиранска платформа од 2017 година.
Потоа следуваше сличен обид за соработка и од Бујар Османи кои во 5 точки предложи албанските партии на избори да настапуваат со само две листи со цел како што објаснуваше да не се дели „алабанскиот глас“.
И обидот на Ахмети за средби и обидот на Османи за соработка беше одбиени од Села и Гаши иако вчера од коалицијата Алијанса –Алтернатива најавија влез во влада заедно со ДУИ доколку се реализира ветувањето на Ахмети за премиер Албанец.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Истрага за криминал во Лотарија
-
Расчистени повеќе убиства вршени во подземјето
-
Никој не открива кои објекти биле мета на терористичката ќелија поврзана со ИСИС
-
Мицкоски вели акциите се со поддршка од САД
-
ЗНАМ ја промовираше платформата за национално обединување, бара поддршка од сите партии
-
Мицкоски: Ниту еден данок нема да се зголеми
-
В сабота цело Скопје ќе остане без вода, ќе се затвора главната цевка за да се санираат дефекти
-
Акција на МВР: Разбиени картели во Арачиново и Чаир