Ахмедовски: Се бара решение за Ромите кои добија откази од Владата

Се бара решение за статусот на дваесетината Роми вработени во Владата кои добија откази, бидејќи претходниот период земале пата, а не оделе на работа, истакна министерот без ресор, Аксел Ахмедовски при посетата на Делчево.
Нагласи дека статусот на овие лица е голем проблем со кој се соочил по стапувањето на функцијата, бидејќи сите лица имале засновано работен однос врз основ на законот, но биле изманипулирани од ромските политички партии на претходната власт користејќи ги како гласачка машинерија.
- Сакам да кажам дека на овие лица им е направена лоша услуга, освен што им се прекинува работниот однос, тие треба да ги враќаат и средствата. Сегашната Влада и покрај донесените решенија се труди да изнајде начин за решевање на статусот на овие лица, бидејќи тие едноставно се вовлечени од полтичките манипуланти за добивање моќ, а со искористување на сиромаштијата и немоќта на овие млади лица, истакна тој.
- За да се исправи таквата грешка предизвикана од претходната влада, по новогодишните празници претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, закажа лидерска средба со премиерот Зоран Заев, со цел да се изнајде што е можно поповолно решение за лицата, бидејќи ставот на Владата не е да се прави каков било реваншизам кон сите лица кои се изманипулирани од претходната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ, туку да се даде живот за сите, рече Ахмедовски.
Тој истакна дека овој период се реализирани неколки значајни проекти, како што е отворањето на гинеколошката амбуланта во Шуто Оризари.
- Во јавноста ги споделувам постигнатите резултати на овој ресор, откако е расределен на ПЦЕР, како коалициски партнер на СДСМ. Пуштена е во употреба гинеколошката ординација во населбата Шуто Оризари, со што е решен деценискиот проблем во населбата. Во општините Прилеп и Битола извесно е решавањето на дел од повеќе децениските инфраструктурни проблеми. Дадена е финансиска поддршка од по 50.000 евра со цел во Прилеп да се изгради пристапен пат до м.в.Три багреми, каде дополнително ќе се реши проблемот со водоводната мрежа и нормалното користење електрична енергија со изградба нова трафостаница и за Битола. Доделени се финансиски средства за решавање на инфраструктурни проблеми и во Кочани, рече Ахмедовски.
Тој упати апел до сите градоначалници за подобра соработка со Владата во оваа сфера.
- Упатувам апел до сите градоначалници, а посебно до градоначалниците од Источна Македонија за подобра соработка, за да ги решаваме проблемите со кои се соочуваат, не само за Ромите, бидејќи овде Ромите не живеат во гета, туку ќе се решаваат проблемите на сите граѓани, рече Ахмедовски.
Приоритетните активности за 2018 година се однесуваат за домувањето. Во општините Штип и Кочани ќе се адаптираат општински згради за станбено згрижување на ромските семејства. Во Штип ќе се реконструира старата зграда на болницата за невропсихијатрија, а во Кочани Спомен - домот АСНОМ, каде ќе се сместат 22 семејства.
Ново на Сител
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
-

Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
-

Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс – славеа Нешевски, Николов и Баснарков
-

Бобан Илиоски испиша историја – прв Македонец со договор во GLORY
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна
