Фудбал
30. August 2016 - 21:23

Агуеро три натпревари „на ладење“ ?

Играчот на Манчестер Сити Серхио Кун Агуеро се соочува со суспензија од три натпревари во Премиер лигата. На дуелот одигран во неделата во рамките на 3.коло Агуеро со лакт го удри играчот на Вест Хем Винстон Рид. Обвинението за Агуеро е поради насилничко однесување.

ФА покрена постапка бидејќи судиите на натпреварот не го забележаа, но тоа беше снимено од камерите. Инцидентот се случи во 76.минута. Играчот има рок до утре на пладне да одговори на обвинението.

Евентуалната казна за Агуеро ќе значи дека ќе го пропушти дербито со Манчестер Јунајтед на 10.септември, како и натпреварите против Бурнемут и Свонси.