Македонија
2. March 2020 - 19:18

Агресивни реклами за производи го лажат народот дека лекува дијабетес!

Изминатите неколку месеци на социјалните мрежи излегоа реклами за производ наречен SugaNorm кои тврдат дека го лекува дијабетесот. Во објавените статии и реклами се споменуваат имиња на македонски доктори кои воопшто не постојат и во истите се злоупотребуваат имињата на институциите и нивните програми за работа. Дијабетолозите апелираат пациентите да бидат екстремно внимателни, бидејќи овој производ никаде не е регистриран во Македонија.