Агрегатот на Гинекологија работи, тврди министерот за здравство
Техничките служби на Клинички го информирале министерот за здравство дека агрегатите кои ги имаат Клиниките се во ред и нема потреба од било какви интервенции.
Исправен бил и агрегатот на Гинекологија тврди Филипче, иако вчера имаше информации дека во периодот кога Клинички останал без струја на ГАК се вклучил само УПС системот а не и агрегатот.
За функционалноста на овие уреди била задолжена Службата за општи и заеднички работи која е во кругот на Клинички центар.
И додека надлежните тврдат дека се е во ред, вчера поради немањето на струја се исклучиле компјутерите во амбулантите а со тоа паднал и „Мој Термин“, па закажаните пациенти морале да чекаат. На социјалните мрежи, пак, имаше коментари дека и операциони сали на Гинекологија биле во темница.
Сања Димитровска
Ново на Сител
-
Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет
-
Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти
-
Сопружници од Прилеп измамени за 900.000 денари
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино
-
Манчестер јунајтед планира да изгради нов стадион
-
Лишени од слобода 11 лица, злоупотреба на службена положба и перење пари
-
Таравари: Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“