Агелер: Тимот за санкции од Вашингтон е тука – на правосудниот сектор му требаат повеќе истраги
Тим за санкции од Вашингтон пристигна во земјава за да изврши поагресивен увид во поранешните и сегашните корумпирани актери, и да ги разгледа сите можни одговори, објави денеска на Твитер американската амбасадорка во Северна Македонија Анџела Агелер.
– Правосудниот сектор на Северна Македонија има потреба од повеќе истраги и гонења, за да се покаже дека никој не е над законот, подвлече Агелер.
Амбасадорката на САД пред неколку дена порача дека иако земјава чекори на патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на Северна Македонија.
-Намалувањето на корупцијата е важно затоа што корупцијата во која било форма ја оневозможува оваа земја да напредува во економска, социјална, образовна и структурна смисла, за кои знаеме дека може и треба да продолжи да ги постигнува. Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на Северна Македонија преку забавување на економскиот раст и поттикнување на најталентираните млади луѓе од земјата да бараат можности во странство, рече амбасадорката Агелер на средба со премиерот Димитар Ковачевски пред два дена.
Американската амбасадорка во повеќе наврати нагласува дека граѓаните во земјава заслужуваат независен правосуден сектор и дека политичкото мешање нема место во овие постапки. Таа рече дека борбата против корупцијата во земјава ќе ја направи приоритет на Амбасадата на САД затоа што корупцијата ја кочи оваа земја од многуте успеси што може да ги постигне.
Заменик-помошникот на државниот секретар на САД Габриел Ескобар пред неколку дена изјави дека санкциите на САД за корумпираните политичари од Балканот имаат ефект и дека Вашингтон ќе продолжи со санкционирање корумпирани функционери од регионот.
Ново на Сител
-
Одмазнички напади на Иран врз Израел, во Тел Авив повредени неколку лица | ВИДЕО
-
Новиот командант на иранската Револуционерна гарда се закани: „Портите на пеколот“ ќе се отворат за Израел
-
Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран
-
Состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија заврши без резултат
-
Нетанјаху денеска ќе разговара со Трамп, Путин и Стармер по нападот врз Иран
-
Единствениот преживеан од падот на авион во Индија: Не можев да поверувам дека сум жив
-
Во монтажен контејнер во Претор пронајден починат Американец
-
ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц