Македонија
28. May 2023 - 16:37

Агелер: Од уставните измени зависат односите со САД - Коп: Со устанивте измени нема да има ново бугарско вето за старт на преговорите

Пораката на сенаторот Марфи беше јасна, од уставните измени зависат и односите со САД. И амбасадорката Агелер денеска со став – овој чекор треба да се заврши до крајот на годината.

Сметам дека неговата порака е важна, дека доколку тешките одлуки за напредување во евро-атлантските интеграции не се направат до крајот на годинава, сигурно ќе има луѓе во САД, во Белата куќа, во Капитол… кои ќе се прашуваат колкава е посветеноста на вашата земја во однос на евроатланските интеграции и европскиот пат. Затоа нема потреба од толкување на неговата изјава, верувам дека беше многу јасен, одговори Агелер

Амбасадорот на Холандија пак во интервју за Радио Слободна Европа тврди дека ново бугарско вето за старт на преговорите не е можно, но без измени на Уставот Македонија нема да напредува.

  Нема ново вето. Ако Преамбулата на Уставот се смени, тогаш втората фаза од преговорите е автоматска и не може да има вето таму. Исто така тоа не е толку многу важно. Земјата треба да ги заврши реформите. И тоа е единствениот начин да се влезе во Унијата. А скрининг процесот ќе даде јасно до знаење какви треба да се реформите и на крајот тоа е многу поважно од позицијата на Бугарија, вели Коп

Но на патот кон Унијата не помага злоупотребата на европското знаменце за закониоте поврзани со коридорите, дециден е Коп

ЕУ веќе објави став дека употребата на европско знаме тука е погрешна, знаменцата се наменети за законите кои треба да ја доведат земјата поблиску до остварување на а-кито, до Копенхашките критериуми и со години ние и не само ние и други претставници на ЕУ делегацијата предупредувавме на злоупотребата на европското знаме во овој процес, вели Коп

Реформите во правосудството според Коп веќе се безнадежни. Судскиот совет вели дека е нелегитимен орган, а политичките влијанија при изборот на прв човек во Обвинителството за организиран криминал и кандидатите за судии и јавни обивнители се загрижувачки. Ако ова не се промени, според Коп членството на Македонија во ЕУ до 2030та ќе биде само илузија.