Агелер: Корупцијата е најголем предизвик со кој се соочува Македонија
Корупцијата е најголем предизвик со кој се соочува Македонија. Додека не се спроведат реформите во правосудството, не може да се очекува враќање на довербата во институциите, вели новата американска амбасадорка Анџела Агелер во гостување в тема на денот. Агелер кој испрати попрака дека американски експерети веќе се во Македонија за бараат корумпирани функционери, е разочарана што по бројните инвестиции во судството нема никакви видливи резултати.
За новата американска амбасадаорка и натаму останува чуден и збунувачки изборот на првиот човек на обвинителството за организиран криминал.
Агелер е децидна дека процесот на уставни измени е тежок и свесна е дека по промената на името повторно се бара жртва од македонскиот народ, но порача опозицијата да ја надмине политиката и да наоси одлуки за посилна држава.
По бројните американски инвестиции во судскиот систем, Агелер очекува дека државата ќе работи на реформите особено во овој сегмент, каде само довербата на граѓаните е најниска. Според неа, токму борбата со корупцијата и спроведувањето на реформите се клучни и за интегративниот пат на Македонија во европското семејство.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар