Македонија
29. August 2023 - 21:20

Афера „Донатор“: ДКСК го чешла ДУИ – Обвинителството молчи

Правосудните органи молчат, а ДУИ се однесува комотно.

Ваква е оценката на политичките аналитичари по последниот случај во кој партијата се поврзува со фаворизирање на фирма за добивање тендер од државата. Сметаат дека институциите не се заинтересирани да испитаат дали постои коруптивно однесување.

- „Не само овој настан, туку во изминатите неколку месеци, почнувајќи од аферата „Соравија“, ДУИ се соочува со повеќе обвинувања за полиитчко влијание во економски процеси и во процеси на јавни набавки. Впечаток е дека ДУИ се однесува доста комотно во одонос на овие обвинувања бидејќи тие не произведуваат акција од страна на обвинителството и правосудството. Значи органите на прогонот не се занимаваат со ДУИ. Институциите не постапуваат, односно, ќе добиете некакво соопштение дека ги истражуваат, но тие никогаш не произведуваат конкретно правно дејство. Се стекнува впечаток дека ДУИ е имуна на прогон“.

Во меѓувреме, од антикорупциска велат дека ќе го истражуват случајот во кој гледаат ризик за политичка поврзаност. До јавното обвинителство засега немало пријава, но не ја исклучуваат можноста за дејствија во идинина. ВМРО-ДПМНЕ пак се сомнева дека постои коруптивна врска меѓу ДУИ и фирмата чиј сопственик е внук на поранешен министер од партијата. Бараат лично Бујар Османи да презетнира како ЕУРОВИА го добила тендерот.

Министерството за надворешни ја повика опозициската партија да не шпекулира, бидејќи тоа било штета за државата и дипломатијата. Тврдат дека Компанијата која го преуредува спортскиот центар имала најдобра понуда. Како фирмата која донирала за ДУИ сега добива тендери, не одговори ниту министерот Бектеши. Ја нападна ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател.

Извештајот на Државниот завод за ревизија покажува дека фирмата ЕУРОВИА и нејзиниот сопственик лани донирале милионски суми за ДУИ. Годинава, името од листата на партиски донатори се префрли на фактурите плаќани од државата. Компанијата во моментов со 1,5 милион евра од МНР со кое раководи Османи, спортската сала ја адаптира за министерски состанок на ОБСЕ. Претходно, ЕУРОВИА косеше трева покрај автопатите, гради полициска станица во Аеродром, а наплатила и за реконструкција на објект во универзитетот Мајка Тереза.