Аеродромот „Љубљана“ е преименуван во „Фрапорт Словенија“
Аеродромот „Љубљана“ е преименуван во „Фрапорт Словенија“ со цел да одговара на корпоративниот имиџ, јави ДПА.
Во 2014 година аеродромот беше купен од страна на аеродромскиот оператор „Фрапорт“, што е базиран во Германија.
Преименувањето на аеродромот е „силен сигнал“ за обврзувањето на „Фрапорт“ како долгорочен инвеститор.
Директорот на „Фрапорт Словенија“ Змаго Скобир изјави дека сега аердоромот е дел од „многу моќна голема група“ на аеродроми во светот.
Планираното проширување на патничкиот терминал, што ќе чини 16 милиони евра, треба да се заврши до 2020 година.
Се очекува да биде зголемена неговата вкупна површина од 13 на 22 илјади квадратни метри и да се прошири капацитетот на аеродромот.
Аеродромот „Љубљана“ во 2016 година опслужи 1,4 милиона патници, а се очекува оваа година бројот на патници да се зголеми за осум проценти.
Со новиот терминал тој ќе има можност да прима до три милиони патници годишно.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателот на хрватскиот Сабор во посета на Македонија
-
Првите пари од унгарскиот кредит префрлени на сметката на Развојната банка
-
ВМРО-ДПМНЕ: ССМ ги преповторува ставовите на СДСМ
-
Градоначалникот на Струмица прашува кој ја блокира реконструкцијата на патот Струмица Дабиле
-
460.000 евра за О.Карбинци од унгарскиот кредит
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?