Македонија
1. July 2020 - 16:43

Аеродромите и границите отворени но македонските државјани заглавени тука

Охридскиот аеродром отворен, по три и пол месеци пауза стигнаа првите патници, со што и официјално стартува главната летна туристичка сезона на охридско-струшкото крајбрежје.

Со летот Цирих Охрид и нови правила за патување започна со работа аеродромот Свети Апостол Павле.

Авионот беше пречекан со воден мост за добредојде.

Оние кои што први пристигнаа во Охрид радосни што после подолго време ќе се видат со своите најблиски а голема беше возбудата и кај оние кои ги чекаат своите роднини.

Покрај летот од Цирих денеска има лет и од Милано. Првиот чартер пак на аеродромот во Охрид се очекува на 5 јули од Полска додека холандските туристи ќе пристигнат на 25 јули од Амстердам. Повторното отворање на аеродромот влева одреден оптимизам кај туристичките работници дека сепак ова лето на брегот на езеротот ќе има и странски  гости, со оглед на тоа дека одреден број на туристи сеуште ги немаат откажано предвидените аранжмнаи туку истите се одложени.