Македонија
15. November 2023 - 18:32

Аеродром: Скопјанка го ранила својот поранешен партнер

На 14.11.2023 во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред казино на подрачје на Аеродром, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу жена од Скопје и нејзиниот поранешен 45-годишен партнер, при што таа употребила остар предмет и му нанела повреди.

Остриот предмет бил пронајден и одземен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.