АЕК планира приходи од 572.550.000 денари, од кои 460 милиони од надомест за користење радиофрекфенции
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) планира приходи во износ 572 550 000 денари во 2025 година, за 31,02 проценти помалку во однос на минатата година.
Во Годишниот финансиски план за 2025, што е објавен вчера на веб страницата на АЕК, се предвидуваат приходи од 460 милиони денари од надомест за користење радиофрекфенции, 57 милиони денари од надзор на пазарот на електронски комуникации, 53 милиони денари од надомест за користење на доделени броеви и серии броеви. Исто така, приходи по каматни листи и судски такси од 800 илјади денари, 500 илјади денара од продажба на расходувани основни средства, 350 илјади денари од камати на видување...
Од планираните расходи, 222. 255. 060 се во ставката Плати, по што следуваат Пренесени средства на други субјекти, 81. 537.534 денари, од кои најголемиот дел се за финансирање на дејности на Оперативно-техничката агенција ОТА, Набавка на опрема, 45. 421. 291 денар, Интелектуални и други услуги, 34. 154.000 денари, Помошти, донации и други давачки со 31.733.000, Издатоци за реклама, пропаганда и репрезентација во износ од 4,9 милиони денари...
Во финансискиот план не се предвидени капитални средства.
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Комората на северозападна Македонија не гледа трикови со цените - Апелираат трговците да го почитуваат договореното
-
СДСМ: Антикорупциска да ја повлече одлуката за именувањето на Христовски за директор на АНБ
-
6 милиони евра дополнителни средства Агенцијата за вработување за 2025 година
-
Потребно е проширување на понудата
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката