АЕК организира прв Јавен состанок за 2016
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска ќе го организира првиот Јавен состанок за 2016 година.
Како што соопшти АЕК, на состанокот сите заинтересирани ќе имаат можност да се запознаат за регулаторните активности и мерки на Агенцијата во првите шест месеци и за планираните до крајот на 2016 година.
Посебен акцент ќе им биде посветен на активностите на АЕК во врска со состојбата и движењата на пазарот на мобилната телефонија и мерките во врска со регулација на работата и цените на мобилните оператори.
Вториот значаен сегмент се активностите во врска со регулација на брзиот интернет на фиксни мрежи и безбедноста на интернет мрежите.
Во рамки на презентацијата, исто така, АЕК ќе ги претстави и активностите и мерките за континуирано унапредување на правата на корисниците и решавање на споровите помеѓу корисниците и операторите.
Ново на Сител
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци