Македонија
20. October 2015 - 16:31

Аџибадем Систина - Прва интервенција на аорта со мал рез кај препоните

37 годишен скопјанец во сообраќајна несреќа тешко го повредил градниот кош. Имал сериозни повреди на главната аорта која го снабдува телото со крв. Завршил во Аџибадем Систина каде лекарите констатирале дека не може да издржи класична  операција. Доктор Салис Таџер за да го спаси пациентот направил хируршка интервенција со мал рез на препоните. Ваква метода за прв пат е изведена во Македонија.

- Интервенцијата TEVAR (ендоваскуларна реконструкција на аорта) е понов пристап во решавање на аневризма на торакална аорта за разлика од конвенционалната хирургија. Според досегашните искуства, со оваа интервенција смртноста е  значително пониска, а компликациите се и до 5 пати помали во споредба со класичната хирургија, каде пристапот до торакалната аорта е преку голем рез на левата страна на градниот кош, изјави Салис Таџер кардиохирург во Аџибадем Систина.

За овие интервенции пациентите од Македонија порано биле испраќани во странски болници. Таџер вели дека сега Аџибадем Систина има и опрема и кадар. Очекуваат за оваа метода која е скапа, да биде покриена од Фондот за здравствено осигурување.