Македонија
4. December 2023 - 16:59

Адвокатот на Палчо е во Скопје, тврди дека не знаел за убиствата кога го превезувал до Белград

Васко Стојков, адвокатот кој го возел Палчо при неговото бегство до Белград, во моментов е во неговата адвокатска канцеларија во Скопје. Тој тврди дека не знаел ништо за убиствата, а го придружувал до Србија бидејќи Палчо му рекол дека мора да оди на лекар, а немал автомобил. Кога се вратил во Македонија, ги соопштил сите информации на полицијата.

“Не би давал изјави, не би било благодарно. Јас сум тука во Македонија, на работа во канцеларија во Скопје. Не сум му адвокат во овој предмет. Порано само сум го застапувал во неколку предмети.”

-Кога последен пат сте искомуницирале со него?

“Каде што требаше таму ги кажав информациите”

Палчо и Стојков ја напуштиле Македонија на 30 ноември соопшти полицијата. Но сепак според информации на Сител, Стојков на 2ри декември, во 3 часот по полноќ е свикан во полициска станица. Но таму тој оди во друго својство- како адвокат на дел од осомничените, кои беа приведени во петокот вечерта спрема сабота.

Стојков во разговор за Сител тврди дека не му е адвокат на Палчо, иако го застапувал во минатото. На првоосомничениот за двојното убиство, не му е во интерес да има адвокат дури е во бегство, бидејќи така нема да му се суди во отсуство.

Инаку Васко Стојков во јавноста фигурираше како еден од основачите на движењето Трета, заедно со првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо, но како основачи на ова движење се јавуваа и дел од другите осомничени за двојното убиство.