Адвокатите, нотарите и извршителите побрзо до документи од УВМК
Адвокатите, нотарите и извршителите отсега по електронски пат ќе може да ги добиваат потребните документи од Управата за водење матични книги (УВМК) со што се намалуваат трошоците и се скратуваат постапките.
Потребните документи во електронска форма од Управата за водење матични книги ќе се добиваат најдоцна во рок од 48 часа од поднесувањето на барањето.
За таа цел денеска во Скопје коморите на адвокати, нотари и извршители потпишаа меморандум за соработка со Управата за водење матични книги.
- Преку посебен безбедносен систем, нотарите, адвокатите и извршителите ќе ги добијат документите коишто се во надлежност на Управата за водење на матични книги во електронска форма, потпишани со електронски потпис, со што ќе се скратат трошоците и времето на издавање, а со тоа ќе се овозможи забрзување на оставинските постапки, постапките коишто се вршат по Законот за извршување и постапките кои ги водат адвокатите и нотарите, појасни директорот на Управата за водење на матични книги Ѓоко Котевски, најавувајќи дека цената на изводите што се издаваат по електронски пат ќе се намали од 150 на 125 денари.
Од 1 ноември за граѓаните ќе биде достапна уште една услуга од Управата за водење на матични книги, односно секој полнолетен граѓанин по електронски пат ќе може да поднесе барање и да добие извод од матичната книга на родените и од матичната книга на венчаните.
И услугата за доставување на изводите од матичната книга на родените и од матичната книга на венчаните на домашна адреса, која почна да се применува во Скопје, од 1 ноември ќе биде достапна за сите граѓани во државата.
За министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, новините коишто ги воведува Управата за водење на матични книги е чекор напред кон поголемата достапност на услугите што ги нудат државните институции до граѓаните.
Од почетокот на следната година тој најави воведување на интегриран портал за е-услуги.
- На централно ниво ќе имаме целосно интегриран портал за е-услуги на којшто граѓаните ќе можат да имаат директен пристап по електронски пат до документите од коишто имаат потреба. Порталот ќе обезбеди побрзи и поедноставни услуги и ќе биде единствена точка за контакт со граѓаните, истакна Манчевски.
Од средината на следната година за граѓаните се очекува по електронски пат да бидат достапни и 50-те најчесто барани документи.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова во телефонски разговор со Зеленски изразила поддршка на напорите за крај на војната
-
Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто
-
Возач удрил 13-годишно девојче и избегал од местото на настанот
-
37-годишна жена два пати физички нападната во Скопје од својот сопруг во текот на еден ден
-
Тепачка помеѓу 6 лица во Ѓорче Петров, употребувани тврди предмети и оштетени две возила
-
Кривична за двајца полициски службеници, дозволиле да застарат 14 дела за тешки кражби
-
Мицкоски: Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека