-->
-->
Адолф Хитлер останува на видео инсталацијата во центарот на Берлин
-->
Ликот на нацистичкиот лидер виновен за смрта на десетици милиони луѓе и нацистички симболи кои се дел од уметничка инсталација ќе продолжи да се прикажува во центарот на Берлин.
Инсталацијата која што е дел од „Фестивалот на светлото“ што се одржува во текот на октомври предизвика негодување кај јавноста откако дел од граѓаните пријавиле во полиција дека се прекршува законот кој забранува да се прикажуваат нациситички симболи и слики од лидерите на „Третиот Рајх“.
Покрај ликот на Хитлер во инсталацијата може да се забележи и нацистички крст како и шефот на нацистичката пропаганда Јозеф Гебелс кој во видеото прашува „Дали сакате целосна војна“?
Според полицијата видеото на кое се гледа Хитлер чии очи се превртуваат и други нацистички симболи може да се прикажува во јавност затоа што е дел од уметничка инсталација, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Хитлер заедно со уште 11 други ликови е дел од уметничкото дело на на дизајнерот на светлосни тела Андреас Бехелке може да се види во центарот на Берлин во близина на споменикот на Холокаустот и Германскиот парламент во непосредба близина на местото каде што според историските податоци нацистичкиот лидер извршил самоубиство во неговиот бункер во 1945 година.
На изборите за покраинскиот парламент во Берлин пред две недели победија Социјал Демократите но трета најсилна партија во главниот град на Германија кој важи за мултикултурен, либерален и отворен стана крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (АФД) во чија програма и јавни настапи можат да се препознае политичка реторика која наликува на нацистичката политика.
За АФД на изборите гласале 14,2 % што значи дека секој седми граѓанин на Берлин ја поддржува политиката на германската крајна десница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување