Административците во петок ќе работат само 4 часа?
Aдминистративците ќе престојуваат на работните места четири часа помалку. Според измените кои МИОА ги предлага во законот за административни службеници, работниото време им се скратува од сегашните 40 на 36 часа неделно. Односно во петок ќе бидат на работа само до пладне.
За експертската јавност, оваа измена е изненадување. Прво, затоа што воопшто не било најавено дека ќе се менува законот. И второ, затоа што истата Влада со друг министер најавувала поинакви реформи.
Образложенијата дека ова е чекор кон создавање независна администрација, според Данева, не се соодветни.
Сител денеска побара одговори од МИОА за измените во законот. Прашавме зошто сега пред избори се иницира вакво решение, дали со намалување на работното време ќе се намалат и платите, како ваквите решенија придонесуваат за приватниот сектор да стане атрактивен за младите и дали работниците од реалниот сектор не се ставени во нерамноправна положба со тоа што нивната работа недела трае од 40 до 48 часа. Одговор досега не добивме
Сега административците имаат работно време од 7.30 до 15.30 или од 8 до 16 часот. Годинава ќе добијат и К15.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар