АДИССДП ги оценува како неточни информациите изнесени за Суперкупот

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката АДИССДП ги оценува како неточни и невистините изнесените факти во врска со подготвките за одржување на Супекупот 2017 на Арната „Филип Втори“ од страна на генералниот секретар на Владата на РМ Драги Рашковски и од него бараат да престане да се однесува како опозиционер.
- Од Вас е побарано само да ставите точка на дневен ред на седница на Влада, со што само ќе се донесе одлука со која средствата со кои располага АДИССДП, а се наоѓаат на ненаменските сметки, да бидат искористени за подготовки за Суперкупот и со тоа сте ја завршиле Вашата работа. Не губете време во разговори со фирми и држење на прес конференции со кои несвесно или свесно нанесувате неповратна штета на угледот на АДИССДП и Република Македонија, стои во реакцијата.
Во однос на јавни набавки, укажуваат дека тие се спроведени согласно Законот за јавни набавки со електронска аукција и избор на понудувач со понудена најниска цена.
Бараат да ги презентира вистинските износи и посочуваат дека од АД е најтранспарентна институција и на медиумите и македонската јавност може да и биде на увид било која јавна набавка.
Ново на Сител
-

Официјална посета на Руте во земјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Како ќе се враќаат Македонците од Блискиот Исток?
-

Владата ќе прогласи кризна состојба, ако ескалираат случувањата на Блискиот Исток
-

Владата да прогласи кризна состојба во Струга поради загадената вода за пиење
-

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во официјална посета на Македонија
-

Тројцата полициски службеници обвинети за работењето на кочанската дискотека не се чувствуваат виновни
-

Од годинава три типа матура, гимназијалците на државна, стручните со право на избор
