Македонија
17. October 2018 - 8:52

Адеми во Виена на меѓународен форум „Од кризен менаџмент до идни миграциски политики“

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, по покана на директорот на Меѓународниот центар  за миграциски политики и поранешен премиер на Австрија Михаил Шпинденглер, ќе учествува на меѓународниот форум „Од кризен менаџмент до идни миграциски политики“ што утре и задутре ќе се одржи во Виена.  

Министерот Адеми, како што соопштија од неговиот кабинет, ќе учествува во високиот политички панел на кој ќе учествуваат федералниот министер за култура и медиуми на Австрија, Гернот Блумел, министерот за миграции на Холандија, Марк Харберс, министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушлогу и претставници на други влади од земјите членки на ЕУ, како и претставници на организации и институции.

На форумот во Виена ќе се обрати и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.