Адеми: Во иднина заеднички ќе одлучуваме за зголемување на платите на просветните работници
Министерот за образование и наука Арбр Адеми смета дека во претстојниот период на конструктивен и рационален начин ќе се разгледуваат сите параметри и податоци и заеднички ќе одлучуваат за идното зголемување на платите на просветните работници.
– Имајќи го предвид моето искуство и моите релации како министер за образование и наука со моите партнери, како што е СОНК мислам дека на конструктивен начин ќе продолжиме во периодот што ни претстои. Ќе ги разгледаме сите параметри на конструктивен, рационален начин, ќе ги согледуваме сите податоци и заеднички ќе одлучуваме за итното зголемување на платите во дејноста образование. Но, секако тоа треба да се разгледа и од страна на Владата, изјави денеска Адеми во ОУ „Аврам Писевски“ во Бардовци, каде присуствуваше на првиот училишен час.
Во Владата, како што потенцира, има волја за зголемување на платите, тоа лично од премиерот беше пренесено и до претставниците на СОНК. Министерот Адеми најави дека и понатаму ќе продолжат со, како што рече, нашиот конструктивен и солиден дијалог што го имаме со СОНК и со наставничката фела и со сите вработени во образованието за да им се подобри материјалниот статус на вработените.
Ново на Сител
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-
Во буџетот нема пари за субвенционирање на придонесите за минималец од 500 евра, велат експерти
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Само еден тендер за мазут преку компанијата на Капушевски е објавен на електронски систем
-
Собранието изгласа недоверба на 5 члена на Судски
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
ИЈЗ: Загадениот воздух се поврзува со смртта на околу 4000 луѓе годишно во Македонија