Адеми на средби со дијаспората во северна Италија

Министерот за дијаспора Едмонд Адеми од денеска до 17 септември ќе ги посети Трст, Тревизо, Бреша и Пјаченца во Италија каде ќе оствари средби со претставници на здруженија и асоцијации на македонските иселеници.
Адеми во Трст ќе учествува на настанот „Европски дијалог и земјите од ЈИЕ“ и ќе има обраќање на тема „Договорот меѓу Македонија и Грција околу името, ЕУ и НАТО интеграции и меѓунационалните односи во нашата земја“.
Министерот ќе има средби и со локалните власти од повеќе области со цел унапредување на врските со дијаспората и нејзина инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот.
Адеми пред Италија, од 11 до 13 септември беше во работна посета и на Словенија каде имаше официјални средби на највисоко ниво.
Ново на Сител
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
