Адеми: Ги решаваме предизвиците, комуникацијата наставник – ученик е најважна
Предизвиците во реализирањето на онлајн-наставата се надминуваат со секоја донесена мерка, а предизвици има и кога таа се реализира во нормални услови. Најважно е да се обезбеди двонасочна комуникација меѓу наставникот и ученикот, а информациите за тоа се охрабрувачи, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми.
Тој потсети на преземените мерки за да се продолжи воспитно-образовниот процес во училиштата откако на 11 март беше прекината класичната настава – најпрво со „ТВ Училницата“ на МРТ и препорачаните бесплатни апликации и платформи за учење од дома, националната дигитална платформа Едуино и најновата мерка – решение на проблемот за децата од социјално загрозени семејства на кои со донацијата од „Телеком“ им е обезбеден бесплатен мобилен интернет за да пристапат на платформите за учење.
– Нудиме учење од дома, каде што секој наставник е должен да држи двонасочна комуникација со ученикот, па на крај може и да го оценува. Нудиме и национална платформа за далечинско учење – снимени се видеолекции од нашите активни наставници…На 33 000 деца кои имаат статус на ученик, но кои потекнуваат од социјално загрозени семејства одлучивме да им доделиме картички со 10 гигабајти интернет секој месец, бесплатно, изјави министерот.
Адеми повтори и дека за онлајн-наставата има законска основа со донесените уредби од Владата кои имаат сила на закон и дека постепено ги решаваат сите проблеми за кои биле критикувани, како немањето законска основа, немање пристап до интернет за сите деца итн.
– Го обезбедивме законскиот основ со донесување уредби. Потоа бевме критикувани дека нема интернет. И тоа го обезбедивме. Потполно сме свесни дека има предизвици, но кога се сака, се може, рече Адеми, додавајќи и во оваа прогода дека за следење настава од далечина не се потребни скапи и софистицирани ИТ-уреди, туку е најважно да се одржи двонасочната комуникација помеѓу наставникот и ученикот.
Ново на Сител
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО