Адеми: Ги цениме извештаите од Светска банка за состојбите во образованието

Светска банка ја сметаме за еден од најголемите поддржувачи и партнер во образованите реформи во Македонија во последните неколку години. Оттаму навистина ги цениме извештаите кои се подготвуваат и се поддржани од Светска банка, а се однесуваат на состојбите во образованието во нашата земја, истакнал министерот за образование и наука Арбер Адеми на денешната средба со Хери Патринос, раководител на секторот на Светска банка за образование за Европа и Централана Азија.
Како што соопшти МОН, Адеми се заблагодарил за досегашната соработка, оценувајќи ја како одлична, а посочил дека Владата на Република Македонија има јасно поставена цел – градење квалитетен образовен систем, кој ќе создава генерации со добро знаење и познавање на областите кои ги изучуваат.
-Свесни сме дека нашата земја нема друг и поважен ресурс за напредок. Нема енормни природни богатства. На глобалниот свет ние можеме да му конкурираме со понудено знаење, со идеи, со иновативност. Затоа мораме да вложуваме во образованието, во знаењето на секој поединец, истакнал Адеми.
МОН наведува дека меѓу успешните приказни е Проектот за развој на вештини и иновации (СКИЛС проектот), имплементиран од Министерството.
-Целта на овој проект е да се подобри транспарентноста во финансирањето и да се промовира отчетноста во високото образование, да се зголеми соодветноста на средното четиригодишно стручно образование со потребите на пазарот на трудот и да се поддржи капацитетот за иновации на Република Македонија. Во текот на периодот на имплементација на проектот, беа постигнати значајни резултати во спроведувањето на сеопфатната реформа на средното техничко образование и обука, програмата за доделување грантови на средни стручни училишта што ја поддржува практичната обука на учениците, како и пласманот на финансиските инструменти за поддршка на иновации, информира МОН.
Во соопштението МОН додава и дека реформите поддржани од меѓународните пријатели, меѓу кои и реномираната глобална финансиска институција Светката банка, ќе продолжат, а некои веќе се во тек на реализација.
Ново на Сител
-

Мадуро утре ќе се појави пред американскиот суд
-

Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во акцискиот план за малцинствата
-

Жестоки мерки за маркетите кои не го почитуваат Законот за нефер трговски практики, најави Мицкоски
-

40-годишна жена смртно прегази 60-годишник: Дали со „Сејф Сити“ ќе се намали бројот на загинати во сообраќајки?
-

Мицкоски за Усје: Не можеме на никого да му влеземе дома и да му кажеме да ја пресели куќата
-

Дежурните служби во Скопје полни со болни пациенти
-

Отворена нова градинка во Сопиште
-

По децении чекање, државни старечки домови конечно на повидок
