Адеми: ДУИ ќе инсистира на идејата за Албанец премиер
ДУИ очекува на претстојните избори да добие поддршка од граѓаните и да биде одлучувачки фактор што ќе преговара за позицијата прв Албанец премиер во државата, изјави денеска министерот Арбер Адеми, говорејќи како претставник на партијата.
Адеми забалежа што на вчерашната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски немало претставник на Албанците, што според него, ја потврдува потребата за иницијативата на ДУИ за премиер.
– Вчера бевме сведоци на неуспешна моноетничка средба во ексклузивниот македонски клуб, што е и главната причина зошто сакаме да го срушиме преостанатиот столб на резервираната моноетнизација на раководните позиции. Дури и едно дете кое синоќа ја видело средбата помеѓу Пендаровски, Заев и Мицкоски се прашува зошто меѓу нив нема Албанец. Премиер Албанец не само што ќе биде модел за сите наши деца, туку и доказ дека тие се еднакви со нивните македонски сограѓани и сите други. Доказ дека можат да постигнат се во нивните животи без никакви етнички ограничувања. Премиер Албанец исто така ќе биде важен сигнал за македонските деца, за општеството како целина каде што ќе го смени менталитетот кај нас, ќе стави крај на моноетничкото општество. Еднаквоста во нашата земја ќе стане целосна и опиплива не само за Македонците и Албанците, туку и за сите други етнички заедници, изјави Адеми.
Тој ги повика сите партии на Албанците да се обединат околу оваа идеја на ДУИ, која, како што наведе е барање сега, а ќе биде и по завршување на изборниот процес.
Ново на Сител
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
