Македонија
27. February 2024 - 12:22

Адеми: Ахмети понуди прогресивна идеја

Во ДУИ се задоволни што успеаја да ги соберат потребните 10.000 потписи за Османи и велат дека сега ќе се фокусираат на претставување на партиските идеи пред граѓаните.

Клучна ќе биде онаа за избор на Претседател во Собранието, идеја која веднаш беше одбиена од клучните политички фактори во државата, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.