Адел тајно се омажила за Рич Пол
Во емисијата на својот добар пријател Алан Кар, пејачката Адел ја извести јавноста дека, далеку од очите на јавноста, се омажила за нејзиното момче – спортскиот агент Рич Пол.
Адел, која има син со поранешниот сопруг Сајмон Конецки, ја потврди врската со Пол во 2021 година. Во интервју за списанието „Ел“ (Elle) лани, пак, таа ги отфрли тврдењата дека се венчале, по тогашните гласини. Сепак, таа нагласи:
– Никогаш не сум била толку вљубена. Опседната сум со него!
На концерт во септември, Адел навести дека тие се венчани. Имено, девојка од публиката ја запроси пејачката… И, тоа, се чини, не беше на шега. Но, Адел на шега одговори:
– Не можам да се оженам за тебе. Сакам мажи, драга моја, а мојот сопруг е тука вечерва… Не, не сакам да пробам ништо. Јас сум со Рич. Ти си луда, остави ме на мира!.
На друг концерт во Лас Вегас, таа најави и дека сака дете, па зборуваше и за имиња за деца.
Ново на Сител
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско
-
Скопје: Жена нападната од нејзиниот сопруг
-
Кривична за директорка на средно училиште во Делчево