Адел ѕвезда на годинешните Британски музички награди
Британската пејачка Адел го обележа овогодишното доделување на Британските музички награди, познати и како „БРИТ“. Свеченоста се одржа во лондонската „О2 арена“.
Ова беше првото издание на Британските годишни награди, кои се доделуваат од 1977 година, со кое се укинаа родовите поделби, па сега нагласката е на категориите Уметник на годината и Странски уметник на годината наместо претходните категории за машки и женски изведувач. На годинешното доделување доминираше Адел, која освои три награди. „Кралицата на БРИТ“, како што ја нарече водителот Мо Гилиган, ги доби одличјата за албум, за најдобар изведувач и песна на годината, за „Easy on Me“.
– Би сакала да ја посветам оваа награда на мојот син и на Сајмон, неговиот татко. Овој албум беше целото наше патување, не само мое, рече Адел во солзи, мислејќи на нејзиниот поранешен сопруг Сајмон Конецки.
И покрај тоа што беше објавен само во ноември, „30“ – четвртиот студиски албум на Адел, е најпродаваниот албум во Велика Британија за 2021 година, со повеќе од 600.000 примероци за само шест недели. Адел неодамна изјави дека го снимила албумот за да му го објасни својот развод на синот ѝ.
Адел за наградата за уметник на годината, ги победи Литл Симз и Дејв, Ед Ширан и Сем Фендер. Меѓу другите победници беше рок групата „Волф Алис“, којашто ја освои наградата за најдобра група, а раперот Литл Симз е најдобар нов изведувач. Ед Ширан беше прогласен за текстописец на годината.
Американските пејачки Били Ајлиш и Оливија Родриго ги освоија наградите, соодветно – првата за најдобар странски изведувач и втората – за странска песна, за „good 4 u“. Наградата за најдобра странска група ја освои американското ар-ен-би дуо „Силк соник“, коешто го сочинуваат пејачот Бруно Марс и раперот-пејач Андерсон Паак.
Сем Фендер ја освои наградата за алтернатив – рок, а Дејв за хип-хоп – грајм – рап. Пејачката Дуа Липа ја доби наградата за најдобра поп – ар-ен-би изведба, а Беки Хил ја доби наградата за најдобар денс изведба.
Ново на Сител
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад
-
Преглед на вестите од светот
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе