АД ЕСМ со нови проекти и зголемена општествена одговорност

Соработката меѓу АД ЕСМ и РЕК Битола ќе се продлабочи, ќе одговориме на сите предизвици и ќе ја негуваме општествената одговорност со директна поддршка на локалната заедница, односно општините Битола, Новаци и Могила, најави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски за време на посетата на РЕК-Битола каде го промовира новиот директор на подружницата и негов наследник Златко Ќурчиевски.
-Наскоро ќе ги промовираме капиталните проекти на АД ЕСМ, фотоволтаиците кои ќе се инсталираат во Осломеј, ветерниците во паркот Богданци и почнувањето постапка за физибилити студија и проектна документација за Чебрен, истакна Ковачевски.
На прес-конференција во комбинатот, новоизбраниот директор на подружницата РЕК Битола, Ќурчиевски, нагласи дека претстои зголемување на соработката меѓу АД ЕСМ и РЕК Битола, која ќе резултира со зголемено производство и намелени трошоци, а тие, пак, позитивно ќе влијаат во заштедите на Комбинатот.
-Заштедите ќе ги користиме за подобрување на перформансите на РЕК Битола, а во голем дел и за општествено корисни проекти кои се од интерес на пелагониските општини. Еден од тие проекти е реконструкцијата на електростатските филтри кои очекуваме до 2021 или 2022 година целосно да бидат реконструирани со што ќе постигнеме минимално количество на ПМ честици во амбиенталниот воздух. Во тек е постапка за добивање и усогласување со строгите критериуми за добивање А-интегрирана дозвола која според очекувана динамика, конечно би ја добиле во 2026 година и би имале Комбинат кој што ќе зрачи со екологија, изјави Ќурчиевски.
Тој информираа дека почнала постапка за добивање проект за површинска експлоатација на рудникот Живојно.
-Очекуваме во наредните четири до пет години тоа да заживее и на тој начин да го продолжиме рокот на траење на РЕК Битола како енергетски капацитет. Според нашите проценки, резервите во рудникот Живојно, во едниот и другиот коп достигнуваат до околу 20 милиони тони јаглен, потврди Ќурчиевски и најави дека наскоро ќе заврши изградбата на земјен бедем, затворена површина во која се одлага пепелта со штој значително ќе се намали загадувањето од пепел и прашина во околината, истакна Ќурчиевски.
Ново на Сител
-

Македонските студенти: Победата во Србија е доказ дека младите можат да направат промени
-

470 килограми месо од нелегална комора во Василево завршија на депонија
-

Преглед на вестите од светот
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг избори за претседател во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
