АД ЕСМ подготвува изградба на четири сончеви електрани во РЕК Битола со моќност од 280 мегавати
АД ЕСМ подготвува изградба на четири фотонапонски електрани со вкупна инсталирана моќност од 280 мегавати во РЕК Битола. Како што информираат од компанијата, првата електрана од 20 мегавати ќе биде лоцирана во самиот круг на комбинатот, веднаш до Термоелектраната.
-За неа во тек е изработка на концептуален проект од страна на консултантот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а потоа ќе следува изработка на техничка спецификација и тендерска документација за избор на изведувач, велат од ЕСМ.
Втората фотонапонска електрана од 60 мегавати, додаваат, ќе биде изградена на тлото на исцрпените наоѓалишта на јаглен во рудникот Суводол.
-Во тек е тендерирање за избор на најповолен консултант за изработка на физибилити студија и студија за животна средина, а потоа ќе се имплементира проектот со најсоодветниот модел за финансирање. Средствата за изработка на студиите се од грант, обезбеден од KfW Банка, прецизираат од ЕСМ.
Третата сончева електрана со моќност од 100 мегавати, посочуваат, ќе биде изградена исто така во рудникот Суводол, додека четвртата од 100 мегавати ќе биде лоцирана во рудникот Брод-Гнеотино.
-Во тек се подготовки за изградба и на гасна електрана во РЕК Битола, со почетна инсталирана моќност од 250 мегавати, која ќе обезбедува и електрична енергија, но и топлинска енергија за Топловодот за Новаци, Могила и Битола, кој во моментот се гради, најавуваат од ЕСМ.
Сите наведени проекти, како што посочуваат, ја претставуваат енергетската транзиција на РЕК Битола и се инвестиции кои во следната декада треба да го заменат производството на електрична енергија од јаглен, паралелно прекфалификувајќи ги и вработените за работа во нови типови на производни капацитети.
Ново на Сител
-

Макрон ги критикува потезите на Трамп: Не смее да има никакви отстапки пред руските закани
-

Мерц: Русија сериозно ќе преговара за мир само под притисок
-

Зеленски: По нападите врз центрите за податоци на „Јандекс“, има помалку ботови и омраза на социјалните мрежи
-

Хрватска набавува јужнокорејски ракети со дострел до 500 километри, потврди Пленковиќ
-

МП за случајот со Михајлова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман
-

Ивановиќ: Црна Гора денеска ќе затвори три преговарачки поглавја со ЕУ
-

Ѓорѓиевски: Во Скопје в среда продолжува најголемата еко-акција досега
-

ЈОРСМ: Лани во октомври на Михајлова ѝ се одземени два пасоша и не ѝ беа вратени поради ризик од бегство
