Џет-Сет
4. August 2018 - 19:19

Аца Лукас завршил во болница во Будва

Во вторникот турбофолк ѕвездата Аца Лукас имал концерт во Будва кој завршил прилично неславно. Имено, пејачот заради проблем со гласните жици го прекинал концертот и заминал во будванската бочница, а по него концертот го продолжил Амир Јахирспахиќ, една од Гранд ѕвездите.
Состојбата била толку сериозна што Аца Лукас и ден потоа, во среда, морал да прима инфузија со дијагноза дека има воспаление на гласните жици и ангина. Но, парите беле веќе земени, па Аца Лукас во средата навечер одржал нов концерт, во истата дискотека во која ден претходно својот концерт го прекинал.