Аца Лукас за првпат ги покажа синовите кои не растеле со него - Еве како изгледаат и со што се занимаваат

Аца Лукас обично го гледаме во друштво на најмладата ќерка Викторија, која ја доби во бракот со Соња Вуксановиќ.
Она што многумина не го знаат е дека пејачот има уште три деца од претходниот брак и тоа ќерката Миљана и синовите Андреја и Лазар. Аца објави фотографија со синовите и кажа дека е горд што се негови.
Во едно неодамнешно интервју откри дека неговиот постар син Лазар е возач во Гранд продукцијата.
- Сака да вози, а нека го работи тоа. Би сакал еден ден да биде менаџер, тоа го интересира, а многу стигнале од возач до менаџер, па нека се бори и тој. 21 година има, млад е и има време за се, кажа Аца неодамна за „Свет“ и додал дека му е жал што синот не станал фудбалер.
Неговиот помлад син Андреј одлучил да гради фудбалска кариера, иако во Германија, каде до скоро живеел со мајката Наташа, бил еден од најголемите тениски таленти.
- До скоро воопшто не бевме блиски, затоа што имаше препреки. Се она што го изгубив за време на растењето кај првите три деца, сега гледам да го надоместам со Викторија. Среќен сум поради тоа и не ми е срам тоа да го кажам. Среќен сум што во ситуација да доживеам барем едно дете да порасне со мене, кажа своевремено Аца Лукас, кој призна дека направил доста грешки во животот.
- Искрено, тешко ми е што во текот на нивното растење не бил со нив. Не бев тука кога тоа најмногу им беше потребно и тоа денеска страшно ме погодува и боли. Некогаш кога ќе поминат одредени години, сфаќаш колку уствари и во што се грешел. Нема да лажам. Три мои деца растеа без мене и тоа можам отворено да го кажам. Не сакав да останам во брак ако тој брак не бил добар, дури ни по цена на децата, призна пејачот.
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
