-->
-->
Абдул Селами кон Арсовска: Немој да мислиш дека си нашла „планина без волк“ и можеш да правиш што сакаш
-->
Oдлуката за прекин на договорите за ангажирање на 33 лица во градското претпријатие ЈП „Комунална хигиена“, предизвика бура од коментари и реакции во јавноста.
Коментари доаѓаат и од високи функциониери на ДУИ.
- Данела немој да мислиш дека си нашла „планина без волк“ и можеш да правиш што сакаш, напиша заменик директорот на УЈП Абдул Селам Селами на својот фејсбук профил.
Кратко по објавата Селами го избриша фејсбук-постот.
Реакцијата на Абдул Селам Селами доаѓа по одлуката на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП Комунална хигиена, Косана Мазнева за прекинување на договорот на 33 т.н. „рамковни вработувања“ во ова градско претпријатие.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без дебата реформските закони за администрацијата го поминаа првиот собраниски филтер
-
ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ – Најавува формирање на „Коалиција за зелена иднина“
-
Лекарите со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Израел го нападна Фордо, додека Трамп најави „промена на иранскиот режим“ по американските напади
-
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
-
Вевчани инспирација за уметниците
-
26 годишен Македонец лани загинал во Чешка, братот бара одговори за причината за смртта
-
Преглед на вестите од светот