Абази: Тачи е криминалец и лаже дека сум се среќавал со српски безбедносни служби
Досегашниот вицепремиер во вчера сменетата косовска влада на Албин Курти, Хаки Абази ги отфрли како „чиста лага“ наводите на претседателот на Косово Хашим Тачи дека имал тајни средби со припадници на српските безбедносни служби на планината Копаоник во Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Тачи синоќа во интервју за телевизијата Т7 рече дека Абази како вицепремиер, во време на пандемијата на Ковид-19, имал три средби со припадници на српските тајни служби на Копаоник и дека информациите за тие негови активности ги добил од косовските безбедносни служби.
Абази на својата страница на Фејсбук напиша дека „Тачи е расипан човек, крадец, лажго… и неписмен“ и го обвини дека е „криминалец од соопштението 59“, што е документ наводно објавен од Ослободителната војска на Косово (ОВК) во октомври 1998 година, во кој Тачи е обвинет за разни криминални активности. Главниот штаб на ОВК демантира дека соопштението потекнува од него и тврдеше дека тоа е дело на српската воена контраразузнавачка служба (КОС), со цел да предизвика раздор меѓу косовските Албанци.
Отфрлајќи ги како целосно невистините наводите дека имал тајни средби со српски официјални лица, довчерашниот вицепремиер Абази го повика обвинителството да го испита Тачи за неговите тврдења.
– Државното обвинителство треба да го интервјуира тој крадец и лажго, напиша Абази.
Ново на Сител
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-
Годинава се очекуваат околу 24 милиони килограми тутун, неизвесно дали и сега ќе се откупува само во прва класа
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада