Абас: Палестинската управа ќе преземе одговорност за Газа доколку има политичко решение
Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас повика на итен прекин на огнот во Појасот Газа на состанокот со американскиот државен секретар Антони Блинкен во Рамала, јави ДПА.
Абас, исто така, повика да се дозволи поголема помош и гориво во крајбрежната област, која е под блокада од Израел.
На средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Западниот Брег , Абас рече дека палестинската управа е подготвена да преземе целосна одговорност за Појасот Газа како дел од сеопфатното политичко решение.
Тоа политичко решение би ги вклучило окупираниот Западен Брег, Источен Ерусалим и Газа по завршувањето на израелската војна против Хамас, кој владее со Газа.
Абас нагласи дека безбедноста и мирот може да се постигнат со ставање крај на израелската воена контрола врз територијата на „државата Палестина“ и признавање на Источен Ерусалим за нејзин главен град, пренесоа израелските медиуми.
Тој, исто така, повтори дека Палестинската ослободителна организација (ПЛО) е единствениот легитимен претставник на палестинскиот народ и единствениот кој одлучува.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето