Свет
2. December 2015 - 9:11

Абади: Ирак нема потреба од странски копнени сили

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади изјави дека неговата земја нема потреба од странски копнени сили, откако САД соопштија дека ќе испратат елитна специјална единица која ќе помогне во борбата против групата Исламска држава (ИД).

- Ирачката Влада нагласува дека секоја воена операција или распоредување на какви било странски сили, без разлика дали се специјални или не, на територија на Ирак не може да се случи без нејзино одобрение и согласност, а притоа целосно да се почитува суверенитетот на земјата, истакна Абади.

Претходно, американскиот министер за одбрана Аштон Картер нагласи дека Вашингтон подготвува испраќање на специјални единици во Ирак, кои ќе помогнат да се изврши притисок врз ИД.