Кошарка
31. October 2017 - 9:12

АБА: Звезда си поигра со „штрковите“

Вистинска катастрофа доживеаја кошаркарите на МЗТ Скопје на гостувањето во Белград каде загубија од Црвена Звезда со 112-73.

Дебаклот дојде во 3. четвртина во која нашиот шампион постигна само 8 поени а противникот дури 33.
Единствена светла точка во редовите на македонскиот првак беше Бојан Трајковски  со 28 поени и седум скока беше прв стрелец кај „штрковите“, на другата страна Радичевиќ имаше 17 поени и 10 асистенции.