-->
-->
АБА најавуваат дека ќе ги заштитат своите членки
-->
По најавата на Светската кошаркарака федерација (ФИБА) дека ќе ги исклучи од сите свои натпреварувања репрезентациите на земјите кои преку клубовите партиципираат во натпреварувањата на УЛЕБ (Евролига, Еврокуп и АБА лигата), денеска со свој став преку соопштение се огласија од регионалната АБА лига.
Челните лица на АБА лигата, цврсто стојат зад одлуката за приклучување кон Евролигата, а ќе сторат се за да ги заштитат интересите на своите членки клубови.
„По анализата на моментната ситуација и консултациите со клубовите, претседателството на АБА лигата изразува цврста верба во коректноста на одлуката донесена на Собранието на АБА во Загреб. Наш императив е клубовите да имаат шанса да бидат дел од најсилните европски натпреварувања и водени од тие мотиви, во интерес на развојот на кошарката во регионот, АБА лигата потпиша договор за настап на своите клубови во Евролигата и во Еврокупот. Одлуките на ова собрание не ја загрозуваат слободатат на изборот на клубовите да се натпреваруваат во други европски натпреварувања, се додека се следат пропозициите на АБА лигата. Клубовите ќе сторат се за да ги заштитат своите интереси и да се создадат идеални услови за натамошниот развој на кошаркарските субјекти во регионот, земајќи ги во предвид и националните репрезентации. АБА лигата апелира сите страни да бидат водени од исти мотиви, со оглед на фактот дека клубовите се темел на кошаркарскиот развој“, се вели во соопштението кое денеска го објави раководствот на АБА лигата.
Во петокот, ФИБА најави суспензија на 14 репрезентации, меѓу кои и Македонија, доколку домицилните федерации не се оградат од клубовите кои настапуваат под капата на УЛЕБ, за што федерациите треба да се изјаснат. Воедно се разгледува и можноста ФИБА да не им дозволи и настап на „санкционираните“ чии репрезентации обезбедија пласман на претстојната Олимпијада во Рио.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција