Кошарка
26. March 2018 - 10:38

АБА: Морнар не се предава ќе игра мајсторка со Звезда

Кошаркарите на Морнар ја изненадија Ц.Звезда на мечот во Бар и обебедија мајсторка во Белград откако во реванш полуфиналната средба од фајнал-форот славеа со  88:84 (30-21; 18-24; 21-19; 19-20).

Во поразот, Антиќ реализираше девет поени (2/5 од поле и 3/4 за еден поен), три скока, и по една асистенција и загубена топка за нецели 20.минути во игра. Немања Врањеш со 29 поени и Нидам со 28 беа лидери во тимот на Морнар.