Кошарка
1. October 2015 - 19:37

АБА лига: МЗТ со пораз се враќа од Љубљана

Македонскиот претставник во АБА , јадранската лига, МЗТ Скопје загуби на гостувањето во Љубљана од домашната Олимпија со    91-76
Македонскиот шампион одигра солидно во првиот дел  но во самиот финиш од првото полувреме попушти и дозволи противникот да  се одлепи на 7 поени разлика. 
На почетокот на третата четвртина кошаркарите на Олимпија  го зголемија водството на +15 по што беше јасно дека се пред победа против МЗТ Скопје. 
Во нашиот тим Дреновац постигна 21 поен додека Луковиќ реализира 14. 
Веќе в недела МЗТ во Скопје го игра вториот меч од АБА лигата против Металац Ваљево. 
ЖИВО