-->
-->
АБА лига: МЗТ Скопје ја совлада Олимпија
-->

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва со победата 81:62 над Олимпија ја прекина серијата од шест порази во ова натпреварување. Кошаркарите на МЗТ Скопје се радуваа на триумф првпат во АБА лигата по 25.октомври.
По четвртини резултатот беше: 17:14, 21:10, 23:14 и 20:24.
Најефикасен на натпреварот беше Дамјан Стојановски со 20 поени.
На вчера одиграниот дуел од 14.коло Сутјеска – Тајфун 51:60, а вечерва од 21 часот играат: Крка – Будуќност. Утре играат: Цибона – Задар, Игокеа – Цедевита, Партизан – Металац, а во понеделник е дуелот Мега –Црвена Звезда.
Табела: Будуќност 11-2 (победи-порази), Црвена Звезда 10-3, Цедевита 10-3, Мега 9-4, Тајфун 7-7, Задар 7-6, Олимпија 6-8, Крка 6-7, МЗТ Скопје А. 5-9, Игокеа 5-8, Партизан 5-8, Металац 5-8, Сутјеска 4-10 и Цибона 4-9.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура
-

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим
-

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти
-

Фаустин-Арчанг Туадера се кандидира за трет претседателски мандат на изборите во ЦАР
-

СБ на ОН ќе се состане утре поради израелското признавање на Сомалиленд
-

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка
-

Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма
-

Косово денеска избира нов парламент, вторпат за 11 месеци
